Зошто викендите не прават посреќни!

Викенд ефектот прави луѓето да имаат подобро расположение, помалку болки и подобро психичко и физичко здравје од петок навечер до недела попладне. Тоа е заклучокот од истражувањето за варирањето на расположението кај возрасните вработени лица.

Докажано: луѓето се посреќни за време на викендите.

Зошто викендите не прават посреќни!

„Работниците, дури и оние со интересна и високо платена работа, се посреќни за време на викендите“ – изјавил Ричард Риан, професор по психологија на Рочестер универзитетот.

Ова истражување, во кое учествувале возрасни лица од 18 до 62 години, само ја докажа теоријата дека слободното време е многу важно за добрата физичка и психичка состојба на едно лице.

Зошто викендите не прават посреќни!
Заклучокот бил дека луѓето се чувствуваат подобро за време на викендите без разлика колку пари заработуваат, колку часа работат неделно, какво е нивното образование, каква е нивната професија или дали се мажени, сингл или разведени.
Причината за таквата појава е тоа што луѓето викендите ги асоцираат со повеќе слобода и можност за зближување со пријателите и најблиските.