5 Совети кога тргнувате на одмор со семејството

Годишниот одмор е она нешто за кое што сите ние напорно работиме во текот на годината и со нетрпение го очекуваме, но доколку истиот биде реализиран со нашите деца, може да биде се, само одмор не.

Еве неколку совети за тоа како вашиот одмор да помине во спокој и без проблеми кога патувате со вашите деца.

Кога се тргнува на пат со деца треба да се земат во обзир повеќе работи, од забавување за време на патувањето, до пакување на алишта и играчки кои што им се неопходни. Сигурни сме дека овие наши совети ќе ве поштедат од беспотребниот стрес.

Намалете го багажот

На децата сте им спакувале мал куфер, за мажот сте му оставиле се на се,  три маички, два пара панталони и неколку гаќи, па доаѓа вашето време да го спакувате целиот плакар, штикли, фустани, накит, итн…Мора да се признае дека жените навистина претеруваат кога станува збор за пакување. Со оглед на фактот дека за децата ќе ви биде потребен повеќе простор, пробајте да го намалите својот дел. Одберете ја најпотребната облека за себе, од обувки понесете едни штикли и удобни патики или балетанки. Ќе ви биде доста, верувајте ни!

Забава за време на патувањето

Доколку патувате на подалечни дестинации со автомобил, никако да не заборавите да понесете со себе забавни игри, односно играчки за децата кои што ги сакаат највеќе. За жал во денешно време најмногу ќе ви помогнат паметните телефони или таблетите, на кој ќе им ги пуштите најсаканите цртани филмови за време на патувањето.

Понесте грицки

Баш како и возрасните и децата јадат кога ќе им биде досадно, па затоа „навооружајте се“ со грицки. Купете малечка торба која што ја задржува ладната температура во себе и наполнете ја со здрави грицки. Обавезно спакувајте протеински чоколатца, овошје и зеленчук, омилениот сок, вода, сендвичи, итн. Вака спремната торба ќе ви помогне за да не застанувате многу често за време на патувањето.

Понесете количка

Иако вашето дете во претшколска возраст инсистира на самостојност и не го интересира повеќе количката, кога тргнувате на одмор обавезно понесете ја со себе количката, особено доколку патувате на нова дестинација. Детенцето ќе се измори од прошетката, а последното нешто што треба да го правите е да го носите на себе цел ден. Па така доколку детенцето шета, истата ќе ви биде од корист да ги ставите работите кои што сте ги купиле за време на прошетката.

Ништо не оставајте на случајност

Доколку на одмор патувате надвор од нашата држава, обавезно треба да платите здраствено осигурување, бидејќи кога децата се во прашање, никогаш не можете да бидете доволно сигурни. Пред да патувате, обавезно изгуглајте го местото каде што одите, дали има лекарска ординација и какви се условите за лечење на странци. Од голема важност е пред да уплатите и резервирате за одмор, да проверите дали местото на кое ќе одите нуди занимливости за вашите деца, бидејќи доколку на вашето дете му е забавно, верувајте одморот ќе ви биде забавен и вам. Нема ништо полошо од одмор кога на детето му е досадно.